Претпладне сончево, попладне повремен дожд

Денес во претпладневните часови не очекува сончево време, а во текот на денот од запад насекаде ќе се прошири облачност.

Попладне ќе има повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од утре следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени.