Претпладне сончево и топло, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 22 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во сабота кога нестабилноста ќе биде поизразена. Температурата на воздухот ќе биде во постепено покачување.