Претпладне сончево, попладне дожд

Времето денес претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со грмежи особено во јужните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен севрозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 степен, а дневната ќе достигне до 19 степени.