Македонија

Претпладне сончево, попладне дожд

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи особено во источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 30 степен.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека во петок под влијание на нов влажен бран во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен јужен ветер. Температурата без значителни промени.