Македонија

Претпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Претпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните планински делови и сосема на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.

Променливо облачно и свежо ќе биде и во четврток, а ќе продолжи да дува и повремено засилен ветер.

Во следните денови потоа ќе биде стабилно и суво со пораст на дневните температури.