Претпладне сончево, попладне локална појава на невреме

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд и град, а ваквите поинтензивни процеси се поверојатни кон крајот на денот.

Температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степени.