Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 Целзијусови степени, а дневната од 24 до 32 Целзијусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, со температура до 29 Целзијусови степени.

Во охридскиот регион највисоката температура ќе достигне до 26 Целзијусови степени, а во дојранскиот до 30 Целзијусови степени.