Претпладне сончево, попладне врнежливо

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег.

Преку денот ќе дува повремено засилен јужен ветер, а во вечерните часови во северозападните делови од земјата ќе почне да дува засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.