Претпладне сончево, попладне врнежливо

Времето претпладне во Македонија ќе биде малку до умерено облачно со повеќе сонце на југоистокот од земјава. Попладне насекаде облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд.

Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Од утре попладне до сабота до попладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Од недела ќе следува период на стабилно време со благ пораст на дневните температури.