Македонија

Претпладне топло, попладне дожд

Претпладне топло, попладне дожд

Топло и умерено време во текот на денот, а со можност за попладневен дожд и појава на грмежи во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд.

Утринската температура ќе се спушти до 26, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни.

Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен проследени со појава на грмежи. Од вторник следува пад на дневната температура за околу пет степени и истата ќе се движи од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.