Македонија

„Претприемач на годината“ ќе се додели по седми пат

„Претприемач на годината“ ќе се додели по седми пат

Наградата „Претприемач на годината“ вечерва, по седми пат, ќе биде доделена во Скопје, а наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија.

Изборот се темели на податоци за микро и мали претпријатија на територијата на Македонија, што Координативното тело на „Претприемач на годината“ ги добива од Централниот регистар на Македонија. За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние кои во последните три години од работењето го зголемиле бројот на вработените, имаат постојан раст на приходите и добивката, како и раст на инвестициите.

Престижната манифестација „Претприемач на годината“ е иницијатива на Сојузот на стопански комори. На оваа иницијатива се приклучија и Македонската развојна фондација за претпријатија, која оваа година одбележува 15 години од основањето и Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Коорганизатор на манифестацијата е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а организатор и институционален покровител е Министерството за економија.

Организаторите сметаат дека истакнувањето на позитивните примери кај претприемачите може да поттикне многумина да започнат свој бизнис и на тој начин да влијаат врз развој на претприемништвото во Македонија.