вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Претрес во седиштето на Карфур во Франција

Седиштето на францускиот лидер на супермаркети Карфур во Маси во парискиот регион, беше посетено од страна на Генералната дирекција за конкуренција, потрошувачка и репресија на злоупотребата, јави МИА.

Поврзани вести

Седиштето на францускиот лидер на супермаркети Карфур во Маси во парискиот регион, беше посетено од страна на Генералната дирекција за конкуренција, потрошувачка и репресија на злоупотребата, јави МИА.

Претресот беше извршен на 9-ти февруари, но за него се дозна само викендов и истиот се однесува на илегалните комерцијални практики на Карфур и тие не се однесуваат воопшто на проблемите кои ги има францускиот синџир на супермаркети во Македонија.

Како што јавува Ројтерс, контролата следи откако производителите на месо и млеко во Фрнација повеќе пати го изразиле нивниот револт, затоа што, како што велат се приморани да работат со загуба поради прекумерниот капацитет и притисокот од маркетите.

Имено повеќе снабдувачи на Карфур му забележуваат дека им наметнувал пред преговорите за 2016 година, попуст чиј износ бил значителен.

Карфур-Франција го потврди претресот, појаснувајќи дека групата „ќе извлече поука и ќе ги преземе соодветните мерки“, ако се покажат некои пропусти.

Претресот се случи кога Владата е во преговори со големите групи на супермаркети, со цел да се наведат истите да ја преиспитаат нивната политика на утврдување на цените кај нивните снабдувачи, посебно земјоделските производители, кои се ставени во опасност поради многу ниските цени. Имено од 20 јануари земјоделските производители протестираат редовно низ цела Франција поради многу ниските откупни цени.

Инаку, хипер маркетот на овој фарнцуски бренд што беше отворен во Сити Мол во Скопје, по три години работа беше затворен пред две недели. Зад него останаа долгови кон добавувачите и неисплатени плати кон вработените. Повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести