Македонија,Политика

Претседателот Иванов денеска се сретна со жителите на Лисиче и Аеродром

Претседателот Иванов денеска се сретна со жителите на Лисиче и Аеродром

Претседателот Иванов денеска се сретна со жителите на скопските населби Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром. Претставувајќи ја својата програма, претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повика на масовна излезност на вториот круг, закажан за 27 април.

Претседателот Иванов посочи на еден од клучните столбови во неговата изборна програма, а тоа е градењето на економски силна и развиена Македонија, со цел на граѓаните да им се овозможи економска сигурност.
Жителите од трите населби изразија задоволство од досега реализираните проекти од страна на општина Аеродром и градот Скопје.

За време на посетата на населбата Ново Лисиче, претседателот Иванов ја посети и црквата Св. Јован Крстител, што е во изградба.Во оваа прилика, претседателот Иванов на жителите на Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром им ги честиташе Велигденските празници, посакувајќи им добро здравје и севкупен успех, и повика на единство и сплотеност. .