Претседателот Иванов денеска во Гостивар и Тетово

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Тетово и во Гостивар.

Во Тетово претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, со која ќе чиноначалствува митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и на церемонијата на положување на светиот крст.

Во Гостивар во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“, македонскиот претседател ќе се приклучи кон литијата која тргнува од Соборниот храм и се упатува кон мостот на реката Вардар за присуство на чинот на положување на светиот крст.