Спорт

Претседателот Иванов ги прими ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ

Претседателот Иванов ги прими ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во својата резиденција ја прими екипата на ЖРК Вардар СЦБТ. Причина за приенот беше освоеното трето место во Лигата на шампионите на фајнл форот во Будимпешта 

„Горди сме на вас. Направивте многу за македонскиот ракомет претставувајќи ја нашата држава. Со врвните резултати кои константно ги бележите, а особено со освоеното трето место во годинашното издание на Лигата на шампионите вие покажавте дека кога човек е посветен на некоја работа секогаш постигнува успех“, рече Иванов.