Претседателот Иванов го посети центар Жупа

Во рамки на својата изборна кампања претседателот Иванов ги посети жителите на Центар Жупа каде ја претстави својата изборна програма и ја побара довербата од жителите на претстојните претседателски избори.

Иванов истакна дека, како и досега, така и во иднина, потребите и интересите на граѓаните секогаш ќе му бидат на прво место.  Актуелниот претседател посочи дека и натаму ќе работи на создавање нови можности за македонската економија, со цел подобар живот  на сите граѓани во Македонија.

Жителите на Центар Жупа ги поздравија инвестициите во патната  инфраструктура, како и изградбата на  спомен-домот на родителите на Мустафа Кемал Ататурк, како особено важни за развој на локалниот туризам во општина Жупа.