понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Претседателот Иванов им го честита Курбан Бајрам на муслиманите

Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести.

иванов1

Последни вести

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

„На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата подготвеност да го жртвува својот син како знак на покорност кон возвишениот. Одбележувањето на Курбан бајрам го крунисува и аџилакот кој ја симболизира љубовта кон верата, обединувањето, солидарноста и отвореноста.

Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести.

Честитајќи Ви го празникот Вам и на сите верници од исламска вероисповед, Ви посакувам благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите блиски“, напиша Иванов.

 

Најчитани вести