Претседателот Иванов ќе почне консултации со политичките партии

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба, објави МИА.

Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и средбата со евроамабасадорот Жбогар, велат од Кабинетот на претседателот.

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Македонскиот претседател во понеделникот имаше средба со Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.