Претседателот Иванов ќе го прими хрватскиот министер Морнар

Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија денеска ќе го прими министерот за наука, образование и спорт на Република Хрватска, Ведран Морнар.

Хрватскиот министер вчера имаше средба со министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, со кого потпиша нова, тригодишна програма за соработка во образованието и науката меѓу Македонија и Хрватска, за периодот 2015-2018 година.