Претседателот Иванов на церемонијата „Бело знаме“ во Охрид

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре во Охрид ќе присуствува на церемонија на која ќе се додели „Бело знаме“, како симбол на чисто и еколошки третирано крајбрежје на тој дел од Охридското езеро.

Целта на проектот „Бело знаме“, организиран од страна на „Глобално здружение за подигање на свеста за подводниот свет – ГУВАА“ од Норвешка, е поголема еколошка одговорност кон водните ресурси и подигање на свеста за последиците од загадувањето на водите.

Ова ќе биде прво доделено „Бело знаме“ во Република Македонија.

Глобален амбасадор на ГУВАА е актерот Арманд Асанте, додека амбасадор за Република Македонија е музичарот Влатко Стефановски.