Македонија,Политика

Претседателот Иванов на средба со граѓани од Аеродром, Сопиште и Црниче

Претседателот Иванов на средба со граѓани од Аеродром, Сопиште и Црниче

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска оствари средби со жителите на Аеродром и на Сопиште, додека во населбата Црниче присуствуваше на народниот собир по повод верскиот празник Балаклија – Источен Петок.

Пред жителите на населените места, претседателот Иванов посочи дека изборите во недела се исклучително важни за натамошниот развој на државата и ги повика граѓаните масовно да излезат  и да го дадат својот глас за тимот кој испорачува резултати и континуирано придонесува за економски успешна и просперитетна Македонија.

Повикувајќи ги граѓаните да гласаат за дела, а не за празни ветувања, претседателот Иванов истакна дека доколку повторно ја добие довербата и натаму силно ќе се залага и ќе ги брани интересите на државата и на сите граѓани.

Жителите на Сопиште истакнаа дека во последните години значително е инвестирано во инфраструктурата и во севкупниот развој на оваа општина, со што истата добива се помодерен и урбан изглед.

Во пресрет на престојното гласање, граѓаните му изразија поддршка на Иванов во вршење на претседателската функција.