вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Претседателот Иванов на свечена академија по повод Денот на св. Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, која ќе се одржи вечер во Македонскиот народен театар. 

иванов

Поврзани вести

Во рамки на академијата, претседателот Иванов ќе го одликува Јован Таковски со Медал за заслуги за Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, одликувањето на Таковски му се доделува за постигнатите исклучителни резултати во неговата долгогодишна научна, образовна и книжевна дејност во областа на богословските науки, со што даде значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот.

Најчитани вести