Претседателот Иванов се одласи за случајот со дедо Љубе

Во согласност со Законот, постапка за помилување за ослободување од кривично гонење може да се поведе од министерот за правда по службена должност во секој стадиум на кривичната постапка, велат од Кабинетот на претседателот Иванов, пренесува „Телеграф“.

Претседателот Иванов го следи интересот и вниманието во македонската јавност за овој специфичен случај, како и пројавените иницијативи за него, велат за „Телеграф“ од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, а во врска со случајот на дедо Љубе Љубомир Митев.

Граѓани покренаа иницијатива за ослободување на дедо Љубе од кривично гонење, со најава дека истата ќе биде поднесена до претседателот Иванов.

Од Кабинетот на претседателот, за „Телеграф“, нагласија дека се следи целиот случај, при што се изразува и очекување дека институциите ќе постапат и правно и морално во овој специфичен случај.

– Македонскиот претседател очекува од институциите да постапуваат во согласност со правните и морални норми. Во согласност со Законот, постапка за помилување и за ослободување од кривично гонење може да се поведе од министерот за правда по службена должност, во секој стадиум на кривичната постапка, велат од Кабинетот.

Од Кабинетот нагласуваат и дека со измените на Законот за помилување од 2009 година, можноста за директно одлучување за ослободување од кривично гонење (т.н. аболиција) од страна на Претседателот на Република Македонија е исклучена како опција.

Повеќе за овој случај прочитајте на „Телеграф“