Претседателот Иванов со богата агенда, ги посети Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Куманово

Претседателот Иванов денеска беше во посета на општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Куманово.

3gorge500Жителите на овие општини го поздравија претседателот Иванов и неговите досегашни активности и изразија поддршка за натамошната негова работа.

На средбите со граѓаните македонскиот претседател беше запознаен со тековните и најавените проекти во рамки на овие општини.

Во разговорите со претседателот Иванов, жителите разменија мислења околу можностите и потенцијалите со кои располагаат овие населени места со цел унапредување на севкупните состојби и нивниот животен стандард.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.