Претседателот Иванов со сочувство до Росен Плевнелиев за смртта на неговиот син

Претседателот Ѓорге Иванов  упати телеграма со сочувство до бугарскиот колега, претседателот на Република Бугарија Росен Плевнелиев по повод смртта на неговиот син Филип.

Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството“, пишува во телеграмата од претседателот Иванов.
Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството“, пишува во телеграмата од претседателот Иванов.

Со длабоко жалење ја примив веста за прераната смрт на Вашиот син, Филип. Дозволете ми, во овие исклучително тешки моменти за Вас и Вашето семејство, да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочувство. Загубата и празнината се ненадоместливи и нема зборови кои ќе Ви дадат утеха. Нека Господ Ви даде сила да ги пребродите овие најтешки моменти за родителите и семејството“, пишува во телеграмата од претседателот Иванов.

Филип Плевнелиев, 14-годишниот син на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, почина вчера од ретка болест, а немало ниту знаци ниту симптоми. Аортата cе скинала по целата должина и предизвикала крварење во организмот, дознава бугарскиот медиум „24 часа“.

Денес, 8 август, не напушти првенецот синот Филип. Тој беше добар и силно дете, даваше радост на нас и на сите кои го познаваа. Во овој исклучително тежок момент за семејството и мојата сопруга, двајцата синови и Ве молиме да бидеме оставени на смиреност во тагата – ја пренесе прес секретарот изјавата на претседателот Плевнелиев.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.