Македонија

Претседателот Иванов во официјална посета на Србија

Претседателот Иванов во официјална посета на Србија

Претседателот Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, Маја Иванова од денеска ќе престојуваат во тридневна официјална посета на Србија.

Во текот на утрешниот ден претседателот Иванов во Белград ќе биде примен од претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, а ќе оствари и работна средба со претседателот на Народното Собрание на Република Србија,  Маја Гојковиќ.

За време на официјалната посета на Република Србија, претседателот Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

Во сабота претседателот Иванов во Белград ќе учествува на 38-та средба на Европската група на Трилатералната комисија.