Претседателот Иванов во посета на Брисел

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Ова е прва дипломатска посета на Иванов по неговата инаугурација за шеф на државата, по реизборот на 27 април.

Посетата на Иванов на седиштето на ЕУ на почетокот на вториот мандат, според дипломати во Брисел, сигнализира дека Република Македонија останува доследна на европскиот курс и агенда, и исполнувањето на стратешките цели за европската интеграција на земјата.

Брисел беше прва дестинација на претседателот Иванов и по инаугурацијата за шеф на државата во 2009 година.

Извор: МИА