Претседателот Иванов во посета на Прилеп

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ја посети општина Прилеп, каде ќе присуствува на одбележувањето на верскиот празник „Св. Никола“.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов ќе ја посети и изложбата „Уметниците во чест на Св. Никола“ во Ликовниот салон на Центарот за култура  „Марко Цепенков“.

За време на посетата на општина Прилеп Иванов ќе ја посети и компанијата Микросам.