Претседателот на Бугарија утре ќе ја посети Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев утре ќе ја посети Македонија, при што ќе оствари средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Според Радев, спорот за името треба да биде решен во полза на Македонија, Грција и Бугарија.

– Бугарија секогаш се стремеше да и помага на Република Македонија и дел од таа помош е ние да не бидеме пречка, да не го оптоваруваме овој спор, кој треба да се реши меѓу Македонија и Грција. Во тој поглед, може да се смета на нас. Но јас верувам дека овој спор ќе биде решен на таков начин што нема да влијае на интересите на ниту една од овие три држави. За нас тоа значи во името да нема географски одредници кои содржат делови од територијата на Бугарија. Затоа ќе бидеме во контакт со македонските власти за да се најде решение на најдобар можен начин – изјави Радев за бугарски медиум.

Радев во земјава доаѓа со двајца митрополити од Бугарската православна црква, пловдивскиот митрополит Николај и старозагорскиот митрополит Кипријан. Радев со тоа ќе биде прв претставник на бугарската држава која при посета на Македонија во делегација вклучил и двајца претставници на црквата. Притоа вели дека тој упатил покана до БПЦ да биде дел од посетата, но за прашањето дали БПЦ ќе прифати да биде црква –мајка на МПЦ-ОА вели дека е во ресорот на црковната дипломатија и прашање по кое ќе одлучат двете цркви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.