четврток, 26 јануари 2017  |  Вести денес: 38

Претседателот на Чешка не исклучува удар од Сорос и во неговата земја

Милош Земан смета дека голем дел од активностите кои ги финансира фондацијата на Сорос се доста сомнителни и се мешаат во внатрешните работи на државите во кои се активни.

soros

Последни вести

Расте отпорот на европските држави, власти и граѓани против активностите на Сорос за дестабилизација на нивните земји и мешање во суверените работи на нациите. Се погласни се најавите за отпор кон однесувањата на мултимилијардерот и шпекулант Џорџ Сорос и во Чешка, земја која е дел од Евопската Унија и која е сојузник со Полска, Словачка и Унгарија кои се под силен напад на фондацијата Отворено општетсво и нејзините сателити и експозитури.

Како можна причина за влегувањето на Чешка во фокусот на шпекулантот Сорос е противењето на оваа источноевропска држава на политиката за влез на огромен број на мигранти од Блискиот исток на нејзината територија, но и политиката на суверенизам која ја спроведуваат чешките власти.

Актуелниот чешки претседател, Милош Земан, антиципирајќи го евентуалниот удар од Сорос на неговта земја, упати директен повик за сериозноста на оваа ситуација. Тој смета дека голем дел од активностите кои ги финансира фондацијата на Сорос се доста сомнителни и се мешаат во внатрешните работи на државите во кои се активни.

zeman

-Организирањето на т.н. обоени револуции во суштина се лоби од интерес. Но тие повеќе наштетуваат отколку што и’ помагаат на засегнатата држава. Погледнете само што и’ се случи на Украина за Мајдан, а такви „мајдани“ се подготвуваат и се спроведуваат во многу други држави, можеби дури и во Чешка, вели чешкиот претстедател Земан.

И поранешниот чешки претседател се противи на Соросовите политики – Вацлав Клаус: Сорос е олицетворение на злото

Покрај сегашниот претседател Земан, и Вацлав Клаус кој е еден од највлијателните чешки политичари,  10 години беше претседател и 6 години премиер на Чешка, во интервју за унгарските медуми пред неколку месеци одговарајќи на прашањето дали може да се каже дека Чешка е ослободена од влијанието на Сорос, одговара негативно.

Не, не сме. Има многу невладини организации кои се многу слични по менталитет, вели Клаус во интервјуто.

klaus

Запрашан дали го променил својот став за Сорос дека мултимилјардерот е “олицетворение на злото“, Клаус вели дека Сорос сакал да направи промени кои се во негов личен интерес, преку своите НВО кои во суштина не претставуваат никого и имаат најмал дел од гласачкото тело.

Сакавме да го направиме периодот на транзиција во согласност со нашите намери. Да ги сфатиме нашите идеи за време на процесот на трансформација од комунистичко општество. Додека пак господинот Сорос сакаше да ни каже како ние треба тоа да го направиме. Тоа беше неприфатливо за нас. Сакавме да воспоставиме нормален систем на политички партии. Тој сакаше да ги направи промените кои се во негов личен интерес, без да ги праша политчките партии, туку тоа да го направи преку невладините организации, кои во суштина не претставуваат никого. Односно најмал дел од гласачкото тело, вели Клаус во интервјуто за Magyar Hírlap.

Соросовите платеници нападнаа приватна чешкa ТВ станицa поради анти-мигрантска политика 

Напади врз медиуми, јавни закани, повик за линч, навреди, физички пресметки се само дел од одликите на соросовите платеници во Македонија, но дека станува збор за една иста добро разработена шема која ја спроведуваат активистите на НВО на Џорџ Сорос покажува и примерот од Чешка.

На почетокот од јуни минатата година чешка ТВ станица се најде нападната од таканаречените либерални невладини структури, откако оваа телевизија имаше уредники став дека мигрантската криза и бегалците претставуваат ризик за земјата.

Чешките медиуми објавуваат дека кампањата за дискредитирање и заплашување на чешката станица е водена од левичарски групи на „граѓанското општество“ финансирани од Џорџ Сорос како дел од долгата кампања за мултикултурност во Европа.

ceska tv

Организацијата Hate Free, која е 80% финансирана од норвешките грантови EEA Grants, еден од главните партнери во Европа на операцијата Отворено Општество на Џорџ Сорос беше една од главните која вршеше директен напад врз чешката ТВ станица и нејзини активисти ширеа про-мигрантска политика.

И организациjaта In Iustitia остро ја напаѓаше чешката тв станица. Нејзиниот веб-сајт потврдува дека и таа е финансиран од ЕЕА и неколку фондации директно финансирани од Сорос, вклучувајќи ја Транспаренси Интернешнал.

-Само да го завршиме кругот на добро финансираната субверзија, така наречениот „сајт чувар“ hilidacipes.org е финансиран од Nadace Open Society Fund, едно од чешките пипала на нападот на Сорос на христијанска Европа.Според тоа, вистинскиот „скандал“ во оваа приказна не е одлуката на чешката ТВ станица во приватна сопственост да и се спротивстави на европската шема да ги преплави четирите вишеградски нации со муслимански мигранти, туку фактот дека обидот на левичарско-либералната пропаганда да ги заплашат за да и се потчинат на агендата за уништување на нацијата e финансиран од страна на еден од најбогатите луѓе во светот. Дополнителен е фактот што медиумите под западна контрола не ни кажуваат за тоа, пишува поранешниот европратеник и актуелен потпретседател на „Алијансата за мир и слобода“, Ник Грифин.

Двајца чешки европратеници на долгиот платен список на Сорос

Откако во јавноста протекоа(leaks) документи за работата на Сорос, светската јавност може да ја види стратегија која тој ја спроведува,со која преку богатство стекнато преку шпекулации на берзата, му дозволува да има влијание во светот. Низ изминатите декади, Сорос создаде мрежа на активисти кои низ државите во светот ја промовираат идејата за отворено општество, транспарентност, толеранција, човекови права, социјална реформа.

Сепак, реалната слика за Соросе опасна личност со аспирации за дестабилизација, со оглед на тоа што соросовите раце се протегнати секаде каде што има интерес.Во документите се вели дека Сорос контолира и двајца паретници од Чешка во Европскиот парламент а тоа се Марина Длабајова (либерал) и Јири Машталка (радикална левица).

Најчитани вести