Претседателот на ДИК и членовите предложени од СДСМ се трудат да го заштитат изборниот криминал

Претседателот на Државната изборна комиисја, Александар Чичаковски и другите членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, од петни жили се обидуваат да го релативизираат секој еден доказ, кој укажува на изборни нерегуларности под капата на СДСМ, пишува Република.

Видно нервозен Чичаковски во неколку наврати ја прекинува седницата, а неговите колеги Милев и Дума се обидуваат да направат превид на очигледни работи, факти и докази.

Медиумите, но и граѓаните преку социјалните мрежи веќе подолг временски период објавуваат фото и видео материјали од кои се гледа како е вршен изборен поткуп на гласачи, притисок и уцени врз гласачите. Забележан е бугарски воз во општина Карпош и Охрид, во општина Прилеп гласач кога дошол на избирачкото место виде дека некој веќе гласал место него, полицијата во цел предизборен период е ставена под целосна контрола на СДСМ со цел партиските активисти да вршат поткуп на гласачите, но и низа други нерегуларности.

Бројните докази кои ги објавија медиумите, но и гласините помеѓу граѓаните јасно укажуваат на изборни нерагуларности, изборен фалсификат и поткуп на гласачи. Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа низа забелешки со докази и аргументи до ДИК, Чичаковски, Дума и Милев соочени со фактите, во видно нервозна состојба ја прекинуваат седницата на ДИК во неколку наврати, а додека трае седницата истите во нервозна состојба се обидуваат да премолчат или заобиколат очевидни работи, докази и факти.

Со ваквиот однос ДИК и Чичаковски како нејзин претседател се ставаат во целосна функција на СДСМ. И затскривање на можен изборен фалсификат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.