Претседателот на „Грчката банка“ добил заканувачко писмо со куршуми

Во канцеларијата на претседателот на „Грчката банка“, Јоргос Провопулос е добиена пратка со два куршуми и заканувачко писмо, пренесе „АФП“.

Куршумите биле со калибар 7,65 мм. Пратката е добиена заедно со секојдневната пошта на претседателот на финансиска институција.

Според грчката телевизија „Мега“ писмото било потпишано од досега непозната група која се нарекува „Народни Одмаздници“.