Претседателот на Исланд: Ги оставивме банките да пропаднат и сега сме меѓу најуспешните во Европа

Претседателот на Исланд: Ги оставивме банките да пропаднат и сега сме меѓу најуспешните во Европа

Не предупредуваа дека ќе станеме Куба на северот. Сето тоа секако се покажа дека е лажно, вели во интервју за европското издание на „Политика“ претседателот на Исланда Олафур Рагнар Гримсон.

Оваа мала држава во северна Европа (според последниот попис Исланд има само 329.000 жители) во светот стана позната по својата крајно невообичаена борба против кризата. Пред седум години Исланд беше на работ на банкрот, а денес имотот расте со побрза стапка на раст од онаа на САД или на Обединетото кралство, додека невработеноста изнесува само 4,2 отсто, што ги прави двојно поуспешни од европскиот просек.

Сетоа тоа Исланд го постигна така што ги остави банките да пропаднат, а нивните директори ги изведе пред казнени судови. Наместо да применат мерки за штедење, исланѓаните ги зголемија даноците за богатите да плаќаат повеќе, а тие пари беа искористени за поддршка на социјално загрозениот слој на жителите.

„Исланд денес е една од најусешните економиии. Не ги следевме традиционалните западни рецепти за решавање на проблемите со финансиската криза. Одбивме да ги трошиме парите на народот за да ги надополниме загубите на приватните банки“, вели Гримсон.

Притоа појаснува дека тоа не било воопшто лесна политичка одлука.

„Исланд од 2008-мата до 2011-тата беше изложен на неверојатен политички и економски притисок. Бараа од нас да ги следиме ортодоксните доктрини на кои што се придржуваат сите влади во Европа и финансиски институции, а кои што се покажаа како сосема погрешни и економски, и политички, и демократски, но и правосудно“, вели Гримсон.

Претседателот на Исланд вели дека меѓународните експерти, политичари и аналитичари ја гледале неговата земја како лабораториски експеримент. Речиси никој не веруваше дека економијата на Исланд ќе се извлече од црната дупка во која беше навлезена.

„Денес е 2015-та година, а ние имаме конкретни резултати. Лабораторискиот експеримент е завршен“, вели Гримсон.

Иако неговата земја денес може да се пофали со економски просперитет како ретко која друга држава во Европа, Гримсон несака да дели економски совети. Тој тврди дека и самиот се изнаслучал премногу лоши совети па може само да се опише што правел Исланд и зошто, па да им препуштат на луѓето од тоа да извлечат сопствени заклучоци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.