Претседателот на Меѓународната нотарска унија во Скопје

Претседателот на Меѓународната нотарска унија Даниел Седар Сенгор, денеска и утре, ќе престојува во Скопје по повод 17 години од основањето на нотаријатот во Република Македонија.

Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот од кои 22 земји-членки на Европската унија, и има за цел координирање и развивање на функцијата и работатана нотарите во целиот свет врз принципите на латинскиот нотаријат, чиј облик е најзастапен.

На 30 септември 2001 година на конгрес во Атина, Нотарската комора на Република Македонија е примена во членството на  Меѓународната нотарска унија под уставно име и полноправно учествува во работата и состаноците на комисиите за европски и медитерански прашања.