Претседателот на ОБСЕ: Ситуацијата во Украина ќе се развие во „мрачно сценарио“

Дидие Буркхалтер, претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и претседател на Швајцарија вели дека не ја исклучува можноста ситуацијата во Украина да се развие во „мошне мрачно сценарио“.

– Во моментов се наоѓаме во мошне опасна воена ситуација, со зајакнување на борбите на југ и всушност можеме да разговараме за појава на мошне мрачни сценарија, нагласи тој во интервју за швајцарската телевизија.

Сегашната ситуација во Украина, каде во источниот дел на земјата не запираат борбите меѓу владините сили и сепаратистите, Буркхалтер го означи како „деликатен период“, потенцирајќи ја важноста од дипломатските напори.

– Ние како ОБСЕ не можеме да ја намалиле таа тензија, онака како што би сакале, односно да почне национален дијалог во Украина, призна тој и додаде дека поради тоа е важно да се активираат дипломатските контакти.

– Подготвени сме да означиме почеток на нова дипломатска иницијатива. Швајцарија е подготвена да биде домаќин, нагласи Буркхалтер.