Басеску: Рогозин е како дворски шут

„Работата му е да нервира луѓе. На таквите кловнови треба да им се возврати со иста мерка“ – рекол претседателот на Романија Басеску за заменик рускиот премиер Дмитриј Рогозин.

Иако романските политичари до неодмана сметаа дека украинската криза не претставува опасност за нивната земја, изјавите на Дмитриј Рогозин покажаа дека дека сепак имаат причина за грижа. Твитот во кој заменик рускиот премиер навел дека следниот пат преку Романија ќе тргне со бомбардер  TU-160 доведе до заострување на односите помеѓу двете земји.

Претседателот Трајан Басеску се запраша колку чаши вотка испил Рогозин пред да го напише спорниот твит.

Одлучив да му одговорам преку неформалните канали на комуникација, бидејќи и самиот започна битка преку нив. Јас немам профил на Твитер и овојпат зажалив поради тоа – рекол романскиот претседател Басеску.

Критики за препукувањето на двајцата званичници дојдоа и од руската и романската страна.

Граѓаните нивното однесување го окарактеризирале како недипломатско.

„Рогозин едноставно не е дипломат. Не можев да премолчам, бидејќи во тој случај Романците би рекле – Рогозин нас не понижи и никој не му одговори, објаснува Басеску.

Романскиот претседател вели дека заканите од заменик премиерот на Русија не го загрижуваат.

„Званични се само оние изјави кои ги дава претседателот, премиерот или министерството за надворешни работи на одредена земја. За мене Рогозин е дворски шут и сметам дека не треба да се паѓа во неговите замки – рекол Басеску.

Комерцијален лет за заменик премиерот – Откако Романија го затворила воздушниот простор за авион на Рогозин при враќањето од Молдавија, тој преминал на комерцијален лет. Запрашан дали би му дозволил на Рогозин на ист начин да допатува во Букурешт, Басеску рекол: Би слетал како и останатите 300 патници, но најдобро би било доколку на аеродромот речат да се врати од каде што дошол.