вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Претседателот на Собранието Вељаноски го честиташе празникот Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска, по повод празникот Св. Климент, упати честитка до членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до сите православни верници.

климент

Поврзани вести

Со празнување на овој голем христијански празник го уважуваме целокупното црковно, просветно и книжевно творештво на Свети Климент Охридски. Неговиот труд е безвременски. Неговите дела се од непроценлива вредност. Создавањето на кирилското писмо просветли многу народи и стана движечка сила во христијанската богослужба. Со основањето на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа на најдобар начин се промовираа вредностите на православието, христијанскиот дух и верата на луѓето. Ние имаме должност да продолжиме во применувањето на овие цивилизациски придобивки на христијанството, наведува Вељаноски во честитката.

Денешниот христијански празник, додава, нека претставува уште поголем поттик за меѓусебно разбирање и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање.

Само на таков начин се гради иднина во која ќе се применуваат универзалните вредности и цивилизациски придобивки на христијанството и на човештвото. Заеднички да работиме за безгрижна и светла иднина на Република Македонија, порачува Вељаноски во честитката.

Најчитани вести