Претседателот на совет на обвинители, Аневски: Катица Јанева врши притисок, условува и се заканува

Фактот дека Катица Јанева ги надминува принципите и излегува надвор од рамките на непристасното работење, освен по изборот на кадровски решенија, каде одлучи кумашинот на адвокатот на Заев да биде дел од нејзиниот тим, покажува и жестоката реакција на фелата изразена преку изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Тој јавно посочува дека Катица Јанева се заканува и непринципиелно условува.

Најавите дека ќе си даде оставка ако макар и еден од предложените обвинители во тимот не избереме, како и писмото од минатата недела што го испрати специјалната обвинителка Катица Јанева до Советот на јавни обвинители, во кое, иако сме надлежен орган, таа нe учи што да правиме и како да избираме, го сметаме за директен притисок врз Советот за изгласување на предлог-одлуката за избор на јавните обвинители во Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, вели Аневски за „Вест“.