петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 40

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во посета на Македонија и на Грција

Tomislav_Nikolic-640x422

Последни вести

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија и на Грција, јавува новинската агенција ТАНЈУГ, пренесува Нетпрес.

Николиќ ќе присуствува на комеморација на битката на Кајмакчалан од Првата светска војна. Денеска тој ќе им оддаде почит на српските војници погребани на воените гробишта од Првата светска војна во Солун, Грција, по што ќе оствари средба со Апостолос Цицикостас, гувернер на грчкиот регион Централна Македонија.

Според планираното, Николиќ утре ќе присуствува на церемонијата по повод Битката на Кајмакчалан во Македонија. Тој во Битола ќе се сретне со претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по што е предвидено двајцата да одржат заедничка прес-конференција.

Николиќ ќе положи цвеќе и на српските воени гробишта во Битола.

Најчитани вести