Претседателот на Венецуела бара помош од ОН

Во Венецуела има трицифрена инфлација, а повеќето лекарства од антибиотиците до оние за хемотерапија се недостапни за повеќето граѓани.

Мадуро не конкретизира каков вид помош бара, но посочи дека ОН се запознати со плановите за обновување на производствените капацитети на фармацевтската индустрија во земјата и ја потенцира неопходноста од редовните доставки на лекови за болниците.

Директорот на Федерацијата за медицина во Венецуела, Даглас Леон Натера во април 2016 година изјави дека болниците во земјата, располагаат со само четири до пет отсто од потребните количества лекови и оти лекарите практично немаат можност да им помагаат на луѓето, кои страдаат од тешки заболувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.