Балкан

Претседателот Николиќ побара промена на челниците во полицијата

Претседателот Николиќ побара промена на челниците во полицијата

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, побара промени на челните позиции во полицијата и на тие места да се постават искрени борци против криминалот.

„Криминалните групи и дилерите имаат свои доушници и соучесници во полицијата и на тој начин избегнуваат апсења“, рече претседателот Николиќ.

Тој истакна дека не е задоволен од борбата против криминалните групи кои се занимаваат со продажба и шверц на дрога.
Пред изјавата, Николиќ разговарал со премиерот Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Вучиќ за денеска во 15 часот закажа седница со Бирото за координација на службите за безбедност. Премиерот најави дека во најитен рок ќе стави крај на кризата која сама по себе може да предизвика дестабилизација на државата.