Македонија,Политика

Претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори продолжува и денеска

Претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори продолжува и денеска

Денеска продолжува претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.

Ѓорге Иванов на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ и кандидатите за пратеници ќе одржат митинзи во Неготино и Кавадарци, а ќе ги посетат и Градско, Росоман и Демир Капија. Претходно Иванов ќе има средби со граѓани во скопската Општина Бутел.

Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски денеска ќе одржи граѓански собир во Кичево, а ќе ги посети и Бела Кула, Македонски Брод и Пласница. Кампањата за предвремените парламентарни избори СДСМ ја продолжува во Битолско. Централниот настан ќе се одржи во Нова Битола.

Митинг во општина Ѓорче Петров ќе одржи претседателскиот кандидат на ГРОМ Зоран Поповски и кандидатите за пратеници на партијата. Претходно тие ќе го посетат Сарај, село Шишево, а ќе имаат и средби со граѓаните во Тафталиџе, Злокуќани, Волково и средби во Ѓорче Петров.

Претседателскиот кандидат на ДПА Илијаз Халими и кандидатите за пратеници на партијата ќе имаат средби со граѓани во Тетово и тоа во основните училишта „Наим Фрашери“ и „Мигени“.

Демократската партија на Албанците ќе одржи митинзи во Маврово-Ростуше и во Дебар.

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски и носителот на листата на ВМРО-Народна партија за ИЕ 5, Ванчо Костоски ќе остварат средба со граѓаните на Кичево.

Демократската унија за интеграции денеска ќе ја презентира Изборната платформа на партијата.