Претседателската кампања продолжува и денеска

Кандидатите за претседатели на Македонија денеска ја продолжуваат изборната кампања.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, ќе одржи митинг во Куманово, а ќе има средби со граѓани во селата Брвеница, Јегуновце и Липково.

Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ, ќе одржи митинг во Охрид и средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Струга.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски ќе има митинг во Кочани, а средби со граѓани во селата Црник, Робово и Ратево.