Претседателските избори течат мирно и достоинствено, без никакви инциденти

Македонија денеска по петти пат од својата независност избира претседател. Изборниот процес, според оценките, тече мирно достоинствено и во позитивна атмосфера, без никакви инциденти.

Досега домашните набљудувачи на изборите не забележаат некои поголеми нерегуларности на избирачките места, кои во најголемиот дел од земјата се навреме отворени и каде што гласачите мирно и достоинствено можат да го остварат своето со Устав загарантирано правото на глас.

Според информациите на Државната изборна комисија, до 10,45 часот низ земјава гласале 9,16 отсто, што е повеќе во споредба со изборите од претходните години.

Според досегашните податоци, кои што постојано се менуваат, најголема е излезноста во Прилеп, каде што до 10 часот гласале 15,43 отсто, потоа следат Битола со 13, Струмица со 10,81 и Штип со 13,94 отсто.

Меѓу општините со најмала излезеност, во овој период, се Арачиново со само 0,92 отсто, по нив следи Боговиње каде што досега правото на глас го искористиле 303 гласачи, а ниска излезност има и во општината Врапчиште со само 1,11 отсто до 10,45 часот.