Претседателските кандидати „чисти“ пред Лустрациска

Четворицата претседателски кандидати, Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, го минале лустрацискиот филтер, а Комисијата за лустрација потврди дека нивните досиеја се чисти.

Еден од условите на кандидатите да влезат во изборниот процес, е нивна проверка за евентуална соработка со тајните служби или издавање наредби за следење на политички опоненти.

Според законот, лустраторите ваква проверка треба да спроведат и за сите пратенички кандидати на претстојните предвремени парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.