Претседателството на БиХ во посета на Србија

Претседателството на БиХ ќе ја посети Србија следната недела. Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денеска потврди дека тројцата членови на Претседателството ќе ја посетат Србија на 22 јули и ќе ја прифатат подадената рака на помирување од српскиот премиер Александар Вучиќ.

– По инцидентот во Сребреница неопходно е да одам во Белград и да го охрабрам премиерот Вучиќ да продолжи по патот по кој тргнал. Тој даде надеж и направи низа добри извинувања за помирување на регионот, за односите меѓу Србите и Бошњаците, меѓу Србија и БиХ, посочи Изетбеговиќ, пренесе МИА.

Телохранител на Изетбеговиќ го спровел Вучиќ на линч
Телохранител на Изетбеговиќ го спровел Вучиќ на линч

Изетбеговиќ наведе дека на одбележувањето на 20-годишнината од геноцидот во Сребреница имало низа безбедносни пропусти. Сепак нагласи дека тој не бил домаќин на настанот, туку Организациониот комитет за одбележување на настанот.

Изетбеговиќ посочи дека задоцнил на церемонијата поради сообраќајниот метеж и не успеал да се поздрави со Вучиќ.

Вучиќ за ФАЗ: Ја продолжувам политиката на помирување и покрај нападот
Вучиќ за ФАЗ: Ја продолжувам политиката на помирување и покрај нападот

Според него, истрагата ќе покаже оти нападот врз Вучиќ не бил организиран, додавајќи оти во Поточари немало правилна безбедносна проценка.

Вучиќ во вторникот упати покана до тројцата членови на претседателството на БиХ – Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Изетбеговиќ.

Во поканата на Вучиќ се наведува дека двете земји се „цврсто и трајно решени да ги развиваат билатералните односи и да ги решаваат сите отворени прашања со непосреден дијалог и во духот на добрососедството за доброто на граѓаните на двете држави“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.