Претседателството на БиХ го осуди нападот врз Вучиќ

Претседателството на БиХ го осуди нападот врз Вучиќ

Претседателството на Босна и Херцеговина остро го осуди вчерашниот напад врз српскиот премиер Александар Вучиќ за време на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Тричленото претседателство во комунике наведува дека остро го осудува нападот и изразува најдлабоко жалење, истовремено изразувајќи благодарност дека Вучиќ присуствувал на одбележувањето на 20-годишнината од масовното убиство на 8.000 муслимански мажи и момчиња извршено од силите на босанските Срби и најави дека ќе спроведе истрага.

– Тие што го предизвикаа инцидентот не го нападнаа само Вучиќ, туку го осквернавија погребот и ги посрамоти босанските муслимани, изјави Партијата за демократска акција, пренесува ФЕНА.

Властите во Белград побараа од БиХ итно да отвори истрага за откривање и казнување на напаѓачите на српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница, јави ТАСС.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нападот не е само врз Вучиќ, туку врз цела Србија и нејзината политика на мир и регионална соработка.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ по враќањето во Белград изјави дека наспроти индицентот ќе продолжи да работи на помирувањето меѓу Србите и муслиманите во БиХ.

На вчерашната церемонија во Меморијалниот центар Поточари, освен српскиот премиер Александар Вучиќ, присуствуаше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, на Словенија Борут Пахот и други високи гости и дипломати од странство.

vucic2