четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Претставена едицијата „Бајки од Македонија“

FOTO 3_Del od ilustraciite za Bajki od Makedonija

Поврзани вести

Едицијата „Бајки од Македонија“ составена од четири бајки од македонското народно творештво веќе е достапна за љубителите на пишаниот збор.

„Бајки од Македонија“ е составена од четири приказни од македонската усна традиција и тоа „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и 12-те месеци“ и „Вејко Северко“. Илустрациите за овие бајки ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс објавен за оваа цел во конкуренција од 38 пристигнати решенија. Победничкото решение беше наградено со парична награда од 200.000 денари, а наградата ја обезбедува Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Покрај победничкото решение, јавно ќе биде изложена и селекција од 15 илустрации пристигнати на јавниот конкурс. Љубителите на креативноста ќе можат да ги погледнатво просториите на „Јавна соба“ во периодот од 13-18мај 2016.

Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со издавачката куќа Арс Ламина која беше избрана на јавен конкурс  и во чие издание е оваа едиција. Изборот на бајки од македонското народно творештво  е направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

Покрај наградената Николовска, професионален ангажман за илустрација добија и Оливер Коларовски и авторскиот тим на Милош Ѓуровски. Тие се веќе ангажирани на посебни проекти на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Најчитани вести