Претставена шестата генерација Интел Кор процесори

Претставена шестата генерација Интел Кор процесори
Претставена шестата генерација Интел Кор процесори

Претставена е шестата генерација Интел Кор процесори од страна на Интел Корпорацијата. Се смета дека ова се најдобрите процесори досега направени од оваа компанија.

Од компанијата велат дека лансирањето претставува пресвртница во начинот на ракување со компјутерите. Шестата генерација на Интел Кор  (Intel® Core™) процесори испорачува зголемени перформанси и нови кориснички искуства со најмала потрошувачка на енергија, како и со поддршка на најразлични дизајни на уреди – од “compute stick”, 2-во-1 уреди, “All-in-one” десктоп со висока резолуција, до нови мобилни работни станици.

Претставена шестата генерација Интел Кор процесори
Претставена шестата генерација Интел Кор процесори

Повеќе од 600 милиони компјутери кои се употребуваат во светот се стари пет или повеќе години. Тие се бавни, нивните батерии не траат долго и тие не можат да ги искористат предностите на сите нови искуства кои ги имаме на располагање денес. Врз основа на новата Skylake микроархитектура произведена во 14 нанометарски процес на производство на Интел, шестата генерација процесори ќе испорача повеќе од двојно зголемување на перформансите, три пати ќе го подобри животниот век на батеријата, како и графиката, која е за триесет пати помазна и нуди далеку подобро видео искуство наспроти просечниот петгодишен компјутер, велат од Интел.

Од компанијата исто така нагласуваат дека шестата генерација Интел Кор процесори исто така можат да бидат двојно потенки и полесни, да имаат побрз режим на работа и да овозможат траење на батеријата од речиси цел ден.

Нашите Интел Кор процесори од шестата генерација го донесуваат најважниот напредок кај компјутерите што сме ги виделе до сега. Тие овозможуваат врвни искуства како гласовна контрола, отстранување на напорното менаџирање со пасворди и зголемена сигурност. Неверојатно добрата  комбинација на  шестата генерација на Интел Кор процесори, Windows 10 и убавите нови системи од производителите на персонални компјутери, го прават токму ова време најдобро за купување нов компјутер, изјави Кирк Скауген, потпретседател на Интел и генерален менаџер на Intel Client Computing Group.

Intel Core процесорите од шестата напојуваат различни нови уреди

Од компанијата нагласуваат дека новата шеста генерација на Интел Кор фамилијата на процесори му овозможува на Интел да испорача долг и широк спектар на дизајни скроени за да задоволат сечија потреба.

Intel® Core™ m процесорите, нудат двојно подобри перформанси кај водечки таблети, сега ќе вклучуваат Intel Core m3, m5 и m7 за да можат потрошувачите да имаат избор прилагоден на нивните специфични потреби.

Оваа нова генерација на Интел процесори исто така вклучува неколку новини кај дизајните на мобилните: мобилен “K” SKU отклучен за да овозможи „overclocking“ со повеќе контрола за корисникот и до 60 проценти подобрен мултитаскинг во споредба со quad core i5-6300HQ; како и Intel® Xeon® E3 процесорската фамилија што сега напојува мобилни работни станици што имаат Thunderbolt™ 3.

Intel Compute Stick линијата производи ќе се шири со нова верзија напојувана од Интел процесор од шестата генерација.

Дополнително, Intel® RealSense™ камерата ќе биде достапна на одредени 6th Gen Intel Core 2 во 1 и лаптопи, а ќе понуди нови можности за длабочински сензори, како и извонредни можности што ќе им овозможат на луѓето да фотографираат и споделуваат 3D  „селфи“, скенирање и вметнување на секојдневни објекти или самите себе во некои од нивните омилени видео игри, како и едноставно затворање или менување на позадината за време на видео повик.

Intel Core процесорите од шестата генерација носат значителни подобрувања кај графичките перформанси за да понудат беспрекорни визуелни искуства за гејминг или содржини во 4К. Тие исто така ја унапредуваат “No Wires” иницијативата на Интел за испорачување на најдобрите искуства за безжичен дисплеј со Intel® WiDi или Pro WiDi. Оваа технологија им овозможува на луѓето лесно да споделуваат содржини од својот компјутер до телевизор или монитор без нередот од кабли, велат од Интел.

Оттаму нагласуваат дека комбинацијата на Windows® 10 со 6th Gen Intel Core процесорската фамилија овозможува нови опции како Cortana* и Windows Hello* за поприродна и поспонтана интеракција со технологијата. Уредите со Intel RealSense Camera заедно со Windows Hello им дозволуваат на луѓето за сигурност да користат препознавање на лице. True Key™ технологијата од Intel Security е достапна за да испорача сигурни искуства кај користење на уреди и веб-сајтови без потреба на паметење на секоја лозинка.

Наскоро пристигнуваат: Intel® Iris™ Graphics и Intel® vPro™ за бизнис и продукти за IoT

Претставена шестата генерација Интел Кор процесори
Претставена шестата генерација Интел Кор процесори

Во наредните месеци, Интел планира да испорача повеќе од 48 процесори во шестата генерација Интел Кор процесорска фамилија, вклучувајќи ги Intel® Iris™ и Iris Pro графичките, како и Intel Xeon E3-1500M процесорска фамилија за мобилни работни станици и шеста генерација Intel vPro процесори за бизнис и компании.

Повеќе различни уреди долж широк опсег на фактори на форма ќе бидат достапни сега и во наредните месеци од производители ширум светот.

Како дополнување, Интел нуди преку 25 производи за IoT со 7 годишна набавка и Error Correcting Code (ECC) на повеќе TDP нивоа. Продавачите, медицината, индустријата, дигиталната безбедност ќе имаат бенефит од новите 6th Gen Intel Core процесорски подобрувања и ќе створат нови IoT дизајни од „еџ“ до „клауд“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.