вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Претставени модели за јавно-приватно партнерство за пречистителна станица за Скопје

Претставени модели за јавно-приватно партнерство за пречистителна станица за Скопје

Претставени модели за јавно-приватно партнерство за пречистителна станица за Скопје

Последни вести

Денеска во просториите на Град Скопје се одржа работилница за Студијата за финансирање, изградба и работа на станицата за третман на отпадни води за Скопје, на која беа презентирани можните модели за јавно-приватно партнерство кои најчесто се применуваат за вакви проекти, како и анализа на ризиците за секој предложен модел на јавно-приватно партнерство. На работилницата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева,  министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и амбасадорката на Франција во нашата земја, Н.Е. Лоренс Оер.

  • Оваа работилница е од исклучителна важност за финализација на проектот на идната станица за третман на отпадни води од една страна и определувањето на оптималниот финансиски модел за реализација на проектот од друга страна. Изградбата на пречистителна станица за отпадни води за Скопје е еден од најважните и најголемите проекти за Скопје. Помошта во оваа фаза е исклучителна и многу важна за Градот Скопје. Самата подготвителна фаза опфаќа и активности на дооформување на фекалната и атмосферска канализација во градот и подготовка на инсталациите што подлежат на интегрирани еколошки дозволи и елаборати за заштита на животната средина за постигнување на потребниот квалитет на отпадните стопански води. На сето тоа Градот Скопје во изминатиов период работи со исклучителна посветеност. Само за илустрација, во последниве години, Градот Скопје, покрај 144.350 метри водоснабдителна инсталација, има изградено 188.982 метри фекална и 76.200 метри атмосферска инсталација, а се очекува и објавување на тендер за изградба на главните фекални колектори на десната и на левата страна на реката Вардар кои ќе бидат финансирани преку ИПА Програмата. На оваа работилница ќе биде претставен Извештајот од анализата на јавно-приватното партнерство и препорачаните опции, како и можностите за спроведување и  управување на проектот преку различни форми на јавно-приватно партнерство. Очекуваме да бидат презентирани и одговорите на коментарите за Техничкиот извештај и техничките цртежи за дизајнот на идната пречистителна станица, како и одговорите на забелешките поврзани со Оценката на влијанието врз животната средина која се однесува на овој проект.  Се надевам дека на оваа работилница ќе бидат предложени корисни насоки во однос на постигнување на оптимален и одржлив технички дизајн  и опции на управување меѓу кои и моделот на јавно-приватно партнерство, што се очекува од Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за Скопје – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, нагласи дека изградбата на пречистителната станица за Скопје е проект од исклучителна важност за заштита на животната средина, од национално и прекугранично значење.

  • Очекуваме оваа работилница да понуди одржлива, јасна алтернатива која може да обезбеди значајни придобивки за двете договорени страни, и за крајните корисници зашто таа е од исклучителна важност за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман на отпадни води во Скопје – рече Амети.

Амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, денеска потенцира дека Студијата за финансирање, изградба и работа на станицата за третман на отпадни води за Скопје е исклучително важен проект што го поддржува Владата на Република Франција, за граѓаните на Скопје да добијат современа постројка за пречистување на водите за долг временски период.

Изработката на Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за отпадни води за Скопје е финансиски поддржана од Фондот за студии и помош во приватниот сектор – ФАСЕП и француската Влада во висина од 729.000 евра.

 

Најчитани вести